Хорватовиќ: Кембриџ програмите во Британија се плаќаат, а ВМРО-ДПМНЕ ги направи достапни за секое дете

Макфакс

05/09/2017

00:40

1.150

Големина на фонт

а а а

Воведувањето на програмите Кембриџ е еден од најголемите бенефити за учениците во Македонија, истакна денеска Весна Хорватовиќ од Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ на денешната трибина „Отворено со комисиите на ВМРО-ДПМНЕ – Знаеме како, можеме подобро “.

„Во Велика Британија, Кембриџ програмите се платени програми. Нив ги има во приватни училишта. Не им се овозможени на сите деца. Нашата држава ги направи достапна до секое дете, овозможи обука на наставниците за да може да ги предаваат овие програми и исто така, веќе три години наназад имаме позитивни извештаи од нашиот партнер од Центарот за меѓународни програми, планови и за изготвување на тестови од Кембриџ“, истакна Хорватовиќ.

Таа нагласи дека од ВМРО-ДПМНЕ се загрижени за одлагањето на Кембриџ програмата во средното образование иако досегашните извештаи од овој Центар се со позитивни резултати.

Харватовиќ посочи и дека ВМРО-ДПМНЕ реализирале многу проекти за да се подигне нивото на образованието на младите, но наведе и дека актуелната власт укина дел од овие проекти.

„За она што сега се случува можам само да констатирам дека најголем дел од овие активности кои што беа востановени во пракса, кои што почнаа да ги појавуваат своите квалитети и да ги враќаат резултатите наназад, во смисла на подигнување на квалитетот на образованието се случи нивно укинување, нивно преиспитување, најава за нивно прекинување итн. Што секако овозможува со право да бидеме загрижени дали квалитетот на наставата ќе биде на задоволително ниво“, потенцира Хорватовиќ.