Тропската бура „Лидија“ му се заканува на мексиканскиот брег

Макфакс

31/08/2017

09:46

587

Големина на фонт

а а а

Тропската бура „Лидија“ се формира над Тихиот океан, на околу 290 километри југоистично од мексиканската сојузна држава Долна Калифорнија. Бурата се заканува да прерасне во ураган.

Бурата се движи во правец север-северозапад со брзина нешто поголема 11 километри на час и се очекува дека оваа брзина ќе ја задржи и во наредните неколку денови, наведува Националниот центар за урагани.

Бурата е пратена со ветер од 64 километри на час, а се предвидува дека ќе се засили во наредните 48 часа, објави агенцијата Ројтерс.

„Лидија“ има потенцијал да прерасне во ураган пред да удри во копното“, предупредува Националниот центар за урагани.

Бурата би можела да донесе обилни врнежи од дожд, односно да предизвика поплави и одрони.