Новиот модел на Samsung е огромен паметен телефон со неколку важни елементи. Доколку размислувате за негово купување, еве неколку причини зошто треба да го направите тоа што поскоро.
Samsung Galaxy Note 8 има екран со дијагонала од 6,3 инчи (16 центиметри) и е нешто поголем од Galaxy S8 Plus, кој е со дијагонала од 6,2 инчи (15,7 центиметри).
Двојна камера
Galaxy Note 8 доаѓа со двојна камера. Додатната камера е опремена со телефото леќа со двоен оптички зум. Двете камери имаат сензори од 12 мегапиксели и оптичка стабилизација на сликата (што ја намалува заматеноста на фотографиите).
Мултитаскинг
Note 8 би требало да го олесни извршувањето на повеќе задачи одеднаш на два начини. Прво, малку поголемиот екран би требало да донесе и значителна разлика, посебно при користење на дигиталното пенкало S Pen.
Второ, со помош на App Pair можете да поврзувате две различни апликации во однапред припремен прозорец за мултитаскинг, како што е на пример Phone и Contacts, Facebook и LinkedIn итн.
Шест GB RAM
Поголемиот RAM во комбинација со Qualcomm Snapdragon 835 може да значи дека Note 8 полесно ќе поднесува поголеми оптеретувања и работа со помоќни апликации како што се новите 3D игри и игрите во виртуелната реалност.
Stilus S Pen
Дигиталното пенкало овозможува да запишувате белешки, дури и кога екранот е исклучен, благодарение на опцијата Always-On. Исто така, можете да цртате, да ги зголемувате деловите на екранот, да преведувате одредени зборови итн.
Екран
Samsung веќе некое време нуди одлични екрани. Infinity на Note 8 не е исклучок, бидејќи станува збор за еден од најдобрите екрани на пазарот кој нуди поддршка за HDR, пишува Tech Radar.