Сите дипломати во Амбасадата на Србија, како што потврдија српски извори, се повлечени од амбасадата вчера, откако за тоа македонското Министерство за надворешни работи било известерно со дипломатска нота.
Амбасадорката Душанка Дивјак Томиќ и персоналот, како што е наведено веќе синоќа пристигнале во Белград.
Причината за повлекувањето официјално не се соопштува се уште ни од македонска ни од српска страна, но како што дознава Макфакс се поврзува со гласањето за Косово во УНЕСКО и со заканите на српскиот шеф на дипломатијата Ивица Дачиќ дека ќе возврати на евентуална поддршка за Косово од Македонија, па и ќе го преиспита уставното име на земјата.Според извори на Макфакс официјален Белград имал информација дека Македонија ќе биде предлагач за гласањето за влез на Косово во УНЕСКО, поточно да ја предложи таа точка за дневен ред.
Сите прозорци во амбасадата се затемнети, а пред неа има зголемено полициско присуство.Неофицијално се дознава дека освен персоналот се однесени и технички сретства и сите документи од амбасадата.
Амбасадор Душанка Дивјак-Томиќ за новинската агенција Бета изјавила дека тој не може да ја коментира причината за повлекувањето и упатила на информации денес во српското МНР.