Мароканец нападнал девојка во Загреб

Макфакс

21/08/2017

09:38

595

Големина на фонт

а а а

Мароканец на возраст од 22 години, нападнал 19-годишна девојка во Загреб.

Девојката со крвава уста излегла од тоалетот во центарот Importanne и почнала да вика дека човекот ја нападнал и се обидел да ја силува. Мароканецот е осомничен за блудничење и му се заканува една година затвор.

Тој прво избегал со автобус, но потоа се вратил и бил препознаен од сведоци кои го пријавиле во полиција. Тој е притворен и чека судски процес, на кој ќе се одлучи дали ќе биде сместен во истражен затвор.

Неодамна, барател на азил, исто така, се обиде да силува жена во загребската населба Дугаве.