Љупчо Палевски четири часа беше на распит во СЈО

Макфакс

17/08/2017

08:13

2.339

Големина на фонт

а а а

По четири часа распит, бизнисменот Љупчо Палевски заедно со неговиот адвокат излегоа од специјалното јавно обвинителство, но не сакаа да коментираат за што станува збор.

Палевски само кусо изјави дека станува збор за предистражна постапка. Тој вчера беше задржан во полициската станица во Кисела Вода.

Неофицијално, станува збор за негова инволвираност во врска со објавените прислушувани разговори на „Јутјуб“ под псевдонимот „Никола Тесла“.

Од СЈО за „Макфакс“ велат дека тој бил на распит во рамки на предистражна постапка и поради тоа не можат да откријат повеќе детали. Нема информации ниту од Кривичниот суд.

Палевски од СЈО замина со приватно возило, што значи дека не му е определен притвор.

Приватните телефонски разговори кои беа објавени на каналот „Јутјуб“ пред повеќе од една година од ескпратеничката Ермира Мехмети, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот премиер Хари Костов, бизнисменот Јордан Камчев, уредниците на „Сител“, Драган Павловиќ – Латас и Ивона Талевска, новинарката Оливера Трајковска, сè уште се споделени на оваа социјална мрежа. Првиот објавен видеоклип под псевдонимот „Никола Тесла“ е објавен лани на 6 април.

Ермира Мехмети, Драган Павловиќ – Латас и Ивона Талевска поднесоа и пријави до СЈО. Оттаму за „Макфакс“ не откриваат детали. Велат станува збор за предистражна постапка.