Јужнокорејскиот гигант Самсунг на 23-ти август ќе го претстави својот најнов паметен телефон Galaxy Note 8, а познатиот „инсајдер“ Еван Блас го објави изгледот од предниот дел на уредот.
Како и неговиот претходник Galaxy Note 7, новата „осмица“ ќе има форма на „фаблет“ со забележливо поголем дисплеј од моментално најмоќниот Galaxy S8 Plus.
За новиот Galaxy Note 8 на големо изненадување на сите, се знае премалку, што обично не е случај кога станува збор за новите телефони кои што на пазарот треба да ги пласира јужнокорејската компанија.
Сепак, се нагласува тоа дека новиот Galaxy Note 8 ќе има далеку посигурна батерија и би требало на задниот дел од телефонот да има две камери.
Самсунг со новиот Galaxy Note 8 ќе се обиде да ги увери купувачите дека може да понуди врвен „фаблет“ кој што веќе ги има надминато сите проблеми со кои што се соочуваше неговиот претходник Galaxy Note 7 кој што прилично добро ја потресе јужнокорејската компанија.