Продолжува расправата за буџетот

Макфакс

03/08/2017

10:54

433

Големина на фонт

а а а

Собранието денеска ќе ја продолжи расправата за ребалансот на буџетот за 2017 година.

На првиот ден од расправата министерот за финансии, Драган Тевдовски, рече дека се крати од непродуктивните трошоци и се обезбедува простор за мерки кои ќе значат зајакнување на социјалната кохезија меѓу граѓаните и поддршка на домашните претпријатија.

Пратениците од опозицијата обвинија дека се крати од развојниот дел на буџетот. 

Приходната страна на буџетот е проектирана на 3,003 милијарди евра. Кај расходите, проекцијата е 3,305 милијарди евра. Дефицитот останува проектиран на 302 милиони евра. 

Ребалансот е проектиран на раст на економијата од 2,2 отсто наместо првично предвидените 3 отсто. 

Собранието, според Правилникот, ќе расправа пет дена за ребалансот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг