Анима мунди реагира, убиецот на кучето Идриз само парично казнет со 60 илјади денари

Макфакс

25/07/2017

11:52

595

Големина на фонт

а а а

Скопјанецот кој уби бездомно куче во вентарот на градот е парично казнет со 60 илјади денари, информира здруѓението Анима мунди, кое е незадоволно од исходот на судскиот процес кој се водеше против него.

„Ова е исходот од кривичната пријава која ја поднесовме против Симо Христовски Липски кој зверски го уби бездомното куче Идриз. Липски е кривично казнет парично во износ од 60 000 денари кои Обвинителството го обврзало да ги уплати за хуманитарни цели на сметка на Анима Мунди, а со цел укажување на помош на животни. Исходот е таков, бидејќи Липски признал вина, искажал каење, никогаш претходно не бил осудуван и извршил уплата по налог на ОЈО оваа е казната со која доби олеснувања во кривичната постапка“, се вели во соопштението. 

Од Анима мунди велат дека казната и овие средства не ги радуваат, бидејќи „сакале да го видат Липски во затвор, но исто се свесни дека обвинителот ангажиран на овој случај сторил се што можел, искористил и дискреционо право да наместо во Буџетот, средствата бидат наменети во хуманитарни цели, за животните“.

„Овие средства за нас се фонд на Идриз, кои ќе бидат искористени за итни случаи во негово име, а сликите и итните случаи ќе бидат одбрани јавно. Идриз да спаси други, зошто Идриз не можевме да го спасиме. Можеби судот завршил со Липски, но ние не. Липски ќе биде засекогаш обележан како убиец, кој пред се е казнет со осудата на целата македонска јавност, кој успеавме да го казниме финансиски со вкупен износ од 1 800 евра, кривично и по Законот за заштита и благосостојба на животните“, се наведува во соопштението. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг