Веловска: По природа сум легалист

Макфакс

20/07/2017

11:55

728

Големина на фонт

а а а

Судот не ги ценел личната и семејната ситуација на обвинетата Катерина Веловска во случајот „Титаник“. Судот оценил арбитрарно, смета адвокатот на обвинетата и бара судот да ги преоцени мерките на претпазливост.

Обвинителот на СЈО, Бури Рустеми, смета дека причините наведени во обвинителниот акт се основани за СЈО, со одземањето на пасошот и јавувањето во судот ќе се обезбеди нејзино присуство.

„По природа сум легалист. Не сум го сторила кривичното дело, ниеден доказ не го докажува тоа“, изјави Веловска. 

Таа нагласи дека на 10 март примила прва покана од СЈО и дека соработува со СЈО. 

„Примам покани во 23 часот од СЈО“, рече Веловска. 

Со треперлив глас пред судиите, рече дека ѝ треба пасошот за да го носи малото дете на лекување. 

Од СЈО изјавија дека ако добијат препорака од лекар, ќе дадат дозвола за пасошот на Веловска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг