Градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски, пристигна во Апелацискиот суд

Макфакс

19/07/2017

12:39

617

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, пристигна во Апелацискиот суд каде што ќе биде разгледана неговата жалба на решението на Кривичниот суд за одземање на неговиот пасош.

Трајковски е обвинет во случајот „ТНТ“ на Специјалното јавно обвинителство за уривање на градбата „Космос“ на Фиат Цановски.

Кривичниот совет на Апелацискиот суд денеска на пет едноподруго јавни седници ќе одлучува по жалбите на обвинетите и на СЈО за решенијата на понискиот суд. 

Судот вчера ги објави одлуките за притворите на Горан Грујовски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски со назнака дека мерката притвор мора да се изврши веднаш, по правосилноста на решението. 

Пред судиите на Апелацискиот суд денеска се очекува да се појават обвинетите во случаите „ТНТ“ „Тендери“ и „Топлик“, а следните денови и за најкрупниот случај во кој е обвинето речиси целото потесно раководство на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и лидерот на партијата, Никола Груевски.