Заев им го презентира Договорот за добрососедство со Бугарија на пратениците

Макфакс

18/07/2017

14:19

486

Големина на фонт

а а а

Затворената седница на Комисијата за надворешна политика, на која премиерот Зоран Заев го презентира нацрт-договорот за добрососедство со Бугарија, трае веќе речиси два часа.

На седницата присуствува и претседателот на Собранието, Талат Џафери.

Пратениците првпат имаат увид во договорот што Заев го најави за време на својата посета на Софија на 20 јуни и средбата со бугарскиот колега, Бојко Борисов. 

Инаку, пред да почне, пратениците гласаа дали седницата да биде затворена или отворена за јавност. 

Заев кажа дека е потребно да се отвори расправа за нацрт-договорот во функција на градење заеднички национални консензуални политики од интерес за сите граѓани. 

Тој додаде дека се очекува договорот да биде заокружен на 1 август, а потпишан на 2 август.



Спонзорирани линкови

Маркетинг