Земјотресот бил со магнитуда од 5.0, на длабочина од 12 километри. Епицентарот на потресот бил на 12 километри од Охрид, односно на 5 километри од Косел.
Силен земјотрес денес ја потресе Македонија. Според грчките сеизмолози, кои први го регистрирале овој земјотрес, епицентарот бил во охридскиот регион, на длабочина од 12 километри.
Европската сеизмолошка организација, која го регистрирала потресот, информира дека истиот бил со јачина од 5.0 степени, епицентарот на земјотресот бил 12 километри североисточно од Охрид и пет километри североисточно од Косел, на длабочина од 10 километри.

Последниот период неколку земјотреси го погодија охридскиот регион, но денешниот во 13:18 часот се почувствува и во Скопје.
Се уште нема информации за евентуални штети.
Гаревски: Не очекувам посилен земјотрес од 5 степени во Охрид
Професорот и директор на ИЗИС, Михаил Гаревски, во интервју за Макфакс смирува дека не очекува посилен земјотрес од 5 степени по Рихтер во Охрид, но и дека земјотресите не може да се предвидуваат.
Тој потенцира дека треба да поминат уште години за да се случи посилен земјотрес со магнитуда над 6 степени, каков што се случил во 6 век во Охрид. Макфакс интервјуто со професорот Гаревски го правеше еден час пред да се случи силниот земјотрес во охридскиот регион од 5,0 степени по Рихтер.
„Во моментов дефинитивно се активирани раседите од македонската страна во охридскиот регион, од Косел, до Свети Наум, па надоле накај Корча. Навистина би било неодговорно да предвидувам дали ќе има поголем земјотрес, зошто земјотересите и не се предвидуваат“, вели Гаревски.









