Бомба „кашикара“ од Втората светска војна е пронајдена во водите на реката Вардар во село Мало Турчане.
Според информациите на МВР, вчера, во 8 и 15 часот, во полициската станица во Гостивар, Г.А. (53) пријавил дека во село Мало Турчане, во близина на неговата куќа, во реката Вардар од страна на две деца била пронајдена рачна бомба, која ја извадиле од реката и ја оставиле на тревна површина.
Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Тетово излегол на местото и констатирал дека се работи за стара неексплодирана рачна бомба „кашикара“, која потекнува од Втората светска војна.
Бомбата била подигната од местото за понатамошна постапка.