Samsung Galaxy Note 8 пристигнува во септември, со цена од 900 долари

Точка

27/06/2017

12:34

1.688

Големина на фонт

а а а

Новите модели на Samsung честопати знаат да бидат скапи, но најновата верзија Galaxy Note 8 ќе биде најскапиот мобилен уред на оваа јужнокорејска компанија.

Тој ќе чини повеќе од 900 американски долари, а на пазарот ќе пристигне во септември оваа година. 

Galaxy Note 8 ќе има 6.3-инчен дисплеј со тенки рабови, подобрена камера, батерија од 3300 mAh која ќе се полни брзо и 6GB RAM меморија. Ова ќе биде првиот Samsung телефон со двојна камера, со тоа што двете ќе поседуваат сензор од 12 MP.


Иако многу медиуми претходно најавија дека новиот модел ќе биде претставен во август, компанијата, според најновите информации, ќе го претстави Galaxy Note 8 кон половината на септември.

Минатогодишниот Galaxy Note 7 се покажа како полн погодок, поради што многумина веруваат дека и неговиот наследник ќе ги оправда верувањата на купувачите. Компанијата Samsung oваа година доживеа голем успех по пласирање на Galaxy 8 на пазарот, а тие сега се надеваат дека и Note 8 ќе постигне големи резултати. 


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk