Интегрални житарици – чувари на здравјето кои ја одржуваат витката линија

Точка

26/06/2017

18:09

8.565

Големина на фонт

а а а

Интегралните или цели житарици содржат висок удел на влакна поради кои чувствуваме ситост. Во зависност од тоа за какви житарици се работи, тие содржат седум до четиринаесет отсто белковини.

Освен што се богати со протеини, житариците од цело зрно содржат различни минерали како магнезиум, железо, селен, како и витамините А, Б и Е. Доколку сакате да го зголемите внесот на интегрални житарици во својата исхрана, можете да започнете со интегрално брашно или интегрални кекси со овес, кои се одлична замена за намирниците од бело брашно.  

Кои се најпознатите интегрални житарици?

Просото е богато со скроб и е одличен извор на протеини. Содржи витамин А и Б, и минерали како железо, магнезиум, фосфор и силициум. Просото брзо се припрема, а зрното има сладок вкус. Тоа се користи за чистење на организмот, воспоставување рамнотежа, регулирање на дигестијата и зајакнување на имунитетот.

Овесните зрна се богати со протеини, масти и влакна, а содржат и висока количина на калциум, железо, фосфор, магнезиум и витамини од групата Б. Овие житарици го намалуваат холестеролот, го регулираат метаболизмот и предизвикуваат чувство на ситост. Сите кои сакаат да изгубат некој килограм повеќе, можат да уживаат во кекси или други слатки од овес, со додаток на темно чоколадо и овошје.


Амарант е житарица која се припрема слично како и просото, а богата е со калциум и железо, како и калиум, магнезиум и витамините А, К и Ц. Амарантот го зајакнува коскениот систем, тој е одличен за регулација на крвниот притисок и холестеролот, а го поттикнува и здравјето на репродуктивниот систем.

Кои се предностите на интегралните житарици?

Интегралните житарици полека се разградуваат и предизвикуваат чувство на ситост. Тие содржат млечна киселина која ги поттикнува добрите бактерии во дебелото црево, кои пак, помагаат во апсорпцијата на хранливите материи.

Интегралните житарици можат да помогнат во контрола на шеќерот во крвта, го намалуваат лошиот холестерол и го намалуваат ризикот од рак на дебелото црево. Исто така, житариците ги намалуваат триглицеридите во крвта, кои се главни “виновници” за болестите на срцето.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk