СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ создаде долгорочни штети врз инфраструктурата, ќе има одговорност

Макфакс

24/06/2017

13:22

471

Големина на фонт

а а а

Неодоговорното и коруптивно владеење на ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години зад себе остави огромни штети врз интересите на граѓаните и државата, обвини денеска владејачката партија СДСМ.

Огромните пропусти во изградбата на автопатите Кичево - Охрид и Миладиновци - Штип, велат од таму, предизвикаа огромни штети врз потребите и интересите на граѓаните и угледот на државата.

„Брзајќи да ги добијат своите договорени провизии за кои слушна целата јавност, Никола Груевски и неговите соработници ги погазија интересите на граѓаните, предизвикувајќи долгорочни последици и дополнителни финансиски импликации. Зад таканаречените проекти на ВМРО-ДПМНЕ во инфраструктурата постојат единствено криминал и корупција, а доказ за тоа се истрагите на Специјалното јавно обвинителство токму за автопатите Кичево –Охрид и Миладиновци – Штип како и обвинението за проневера и перење пари при изградбата на автопатот Демир Капија – Смоквица, случај кој беше под истрага и на Европската агенција за борба против корупцијата, ОЛАФ“, се вели во соопштението на СДСМ. 

Од партијата наведуваат дека „ќе има санација на сите штети, но и одговорност за секое работење спротивно на интересите на граѓаните и државата и за секоја злоупотреба на парите на граѓаните“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг