ВМРО-ДПМНЕ: СДС и Заев секој ден ѝ нанесуваат нови рани на Република Македонија

Макфакс

24/06/2017

13:20

310

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев отиде во Софија и преговараше за склучување на договор за добрососедство со Бугарија, тврдејќи дека се согласиле за содржината на истиот и дека останува да испијат уште едно кафе пред да го потпишат, без да им каже на граѓаните што и како прифатил, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од опозициската партија наведуваат дека Заев не отворил јавна дискусија, иако во текот на целата кампања ветувал дебата за сите позначајни прашања за државата.

„Заев од Софија кажа дека ќе брише делови од македонските учебници по историја, без притоа да каже кој и како ќе одлучува што треба да биде избришано. Додека Заев ја обвинува Република Македонија за ширење на национализам и омраза, од многу страни доаѓаат изјави полни со национализам кои ја негираат македонската држава, јазик, култура и историја, на кои Заев молчи и не застанува во одбрана на Република Македонија, што како премиер е должен да го прави“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. 

Заев како премиер на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ, молчи на изјавите на Димитров дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, исто како што молчи и за изјавите на сопартијците на Каракачанов според кои Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, туку имаат иста историја.



Спонзорирани линкови

Маркетинг