Ги забавуваше дипломатите: Ивица Дачиќ ја пееше „О соле мио“ на инаугурацијата на Вучиќ

Макфакс

24/06/2017

12:49

571

Големина на фонт

а а а

Во протоколот сигурно не било предвидено, но вчера по инаугурацијата на Александар Вучиќ за претседател на Србија, Ивица Дачиќ го покажа популарниот „шарм на српската дипломатија“.

По официјалниот дел на инаугурацијата, главна ѕвезда беше шефот на српската дипломатија.

Дачиќ пред дипломатите на вечерата повторно запеа, но овој пат тоа не беше познатата „Миљацка“ на Халид Бешлиќ што многу сака да ја пее, туку, ни помалку ни повеќе, светски познатата „О соле мио“ на Лучано Павароти. 

Изведбата на Дачиќ на својот профил на Фејсбук ја објави амбасадарот на Малтешкиот ред во Белград, Алберто ди Лука.



Спонзорирани линкови

Маркетинг