Либералната партија бара казна затвор за штетата и грешките на автопатите

Макфакс

22/06/2017

13:24

674

Големина на фонт

а а а

Либералната партија ја осудува непрофесионалноста во изведбата на автопатските делници Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, т.е. несовпаѓањето на проектираната и изведената траса.

Од ЛП бараат надлежните органи да направат темелна истрага врз геодетските и геолошки компании „поради нестручноста и катастрофалните грешки во проектната документација, надзорниот орган што ја дозволил изградбата врз погрешена проектна документација, градежната компанија и нејзините македонски подизведувачи поради употребата на лошите градежни материјали“.

Либералната партија бара да се утврдат и санкционираат одговорните поединци, органи и фирми за грешките во овој проект кој државата ја чини 579 милиони евра, а поради ваквите неприфатливи грешки за светот во XXI век, уште дополнителни 100 милиони евра: 

– и по ЗКП (со казна затвор), 

– и со имот и средства во висина на штетата што е направена, 

– како и со трајно одземање на лиценците за работа во ваков тип дејност. 

„Доколку нема санкционирање на сите одговорни во овој проект, ЛП ќе смета дека ова е уште една од многуте пропагандни вести, на кои бевме сведоци во изминатите единаесет години од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ“, додаваат од Либералната партија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг