Претседателот на владата, Зоран Заев, во рамки на официјалната посета на Бугарија заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески денеска ќе оствари средба со министерката за енергетика Теменушка Петкова.
Вториот ден од посетата е посветен на економијата. Заев во Бугарија е придружуван од вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи, министрите за надворешни работи Никола Димитров, за транспорт и врски Горан Сугарески и за култура Робeрт Алаѓозовски.
Вчера тој ја почна посетата со средба со премиерот на Република Бугарија, Бојко Борисов, а попладнето имаше средба со претседателот Румен Радев.