Младите Шпанци први полуфиналисти на ЕП

Макфакс

21/06/2017

09:36

629

Големина на фонт

а а а

Младите шпански фудбалери први изборија пласман во полуфиналето на Европското првенство во Полска.

Шпанија во рамките на второто коло во Б групата ја совлада Португалија со 3:1 (1:0) и со шест бода го обезбеди првото место во групата. Португалија остана на три бода, додека Македонија и Србија имаат по еден бод, откако ремизираа во меѓусебниот дуел 2:2.

Натпреварот помеѓу Шпанија и Португалија се одигра во Гдиња, а „црвената фурија“ победи со головите на Саул Нигез (21’), Сандро (66’) и Ињаки Вилијамс (93’). Единствениот гол за Португалија го постигна Брума во 77.минута. Португалскиот напаѓач постигна вистински евро гол, најубав во досегашниот тек од првенството.

Во последното коло во Б групата, на 23.јуни, ќе играат Македонија-Португалија и Шпанија-Србија.

Денеска на ЕП ќе се играат дуелите од второто коло во Ц групата: Чешка-Италија и Германија-Данска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг