Уставниот суд ќе расправа за прислушувањето преку мобилните оператори

Макфакс

21/06/2017

09:25

429

Големина на фонт

а а а

Уставните судии денеска повторно ќе ја разгледуваат иницијативата за оценување на уставноста и на законитоста на членот 175 од Законот за електронски комуникации, oткако во март се пожалија на обемниот материјал и побараа одложување на седницата.

Со спорниот член на телекомуникациските оператори во земјава им се наложи „да ги обезбедат сите неопходни технички услови за да овозможат следење на комуникациите во нивните мрежи“. Иницијативата за уставноста на овој член беше поднесена во 2015 година, кога СДСМ почна да ги објавува прислушуваните материјали.

На седницата на Уставен ќе се расправа и за Одлуката за распуштање на Собранието во 2016 година и Решението за распишување предвремени избори за пратеници во Собранието, како и членот од Колективниот договор на Министерството за внатрешни работи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг