ВМРО-ДПМНЕ: Најавуваа департизација, а ја претворија државата во нивна алатка

Макфакс

20/06/2017

11:16

397

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев и СДС најавуваа департизација и деполитизација на институциите и државниот апарат додека беа во опозиција, а сега ја претвораат државата во алатка на партијата – велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Пaртијата посочува дека Заев и другите челници на СДС додека биле опозиција го проблематизирале фактот што Гордана Јанкулоска беше и министер и партиски функционер.

„Сега граѓаните гледаат дека едно е СДС во опозиција, а друго е СДС на власт. Оливер Спасовски наместо да се повлече од партиските функции и да ја одвои партијата од МВР, како што СДС ветуваше пред избори, тој сега е унапреден во потпретседател на СДС. Оливер Спасовски е назначен за потпретседател на СДС бидејќи треба да ги реализира нарачаните партиски чистки во МВР и треба да ги елиминира сите професионалци кои во изминатиов период работеа на случаите против криминалците и наркодилерите блиски до Заев. 

Граѓаните јасно гледаат дека преклопувањето на партијата со Mинистерството за внатрешни работи е дел од стратегијата на СДС да ги стави под своја капа органите на прогонот и правосудниот систем. Оваа стратегија започна со заканите кон судиите за генерален реизбор, а продолжи со иницијативата на Заев за смена на Републичкиот јавен обвинител кој го гони за случајот „Поткуп“. 

Со ова Заев сака да се спаси себеси од кривично гонење и процесуирање на кривичните пријави против него и луѓето блиски до него. 

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува професионалците во МВР, обвинителството и судот да не потклекнуваат на политичките притисоци од страна на СДС. Тие се должни и одговорни пред граѓаните да постапуваат исклучиво според Уставот и законите, а не пред партиските наредби на потпретседателот на СДС или кој било друг партиски функционер“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг