Темпирана бомба на Блискиот исток: Судир на интереси, пари и големи сили: Кој ќе победи?

Точка

10/06/2017

16:11

8.598

Големина на фонт

а а а

Се мириса на крвава муслиманска војна на Блискиот исток со Иран и Турција од една, и Саудиска Арабија од друга страна, која нема да биде сама.

Веста за изненадната изолација на Катар ја засенил уште помалку очекуваниот терористички напад на ИСИС на иранскиот парламент. Прв пат се осудиле терористите да го нападнат Иран директно. Зошто и зошто сега? Дали некој се обидува да го дестабилизира регионот? Дали се подготвува војна? Светот застана - се чека одговор. 

И дошол, но не од Иран, туку од Турција, каде претседателот Ердоган одобрил закон за зголемување на воената соработка со Катар, вклучувајќи и праќање на турски војници во таа земја. Како што пишуваат некои медиумите, веќе се знае и бројката, 5.000 за почеток. 


Како е сето тоа поврзано? Па убаво, Катар е најголем светски извозник на гас, кој тој дериват го извезува директно во Иран и Турција, што значи дека изолацијата на Катар директно им штети на овие земји. Затоа и не чуди реакцијата на Анкара да ја поддржи Доха, па и воено, додека Техеран е предизвикан со ударот на својот штитеник. 

Саудиска Арабија по секоја цена сака да биде лидер на Блискиот исток, а кошмар за остварување на нивниот сон е Иран. Меѓутоа земјата, која може да се претстави и како седиште на НАТО во регионот благодарение на САД, тешко дека ќе се осуди во своето соседство да започне директна војна со земја која располага со нуклеарно оружје. Индиректен удар на Катар е потег со кој очигледно сакаат да испровоцираат реакција до Техеран, за што сега имаат и полна поддршка. 


Тројански коњ - САД 

Со договорите кои претседателот на САД, Доналд Трамп и саудискиот крал Салман ги потпишале пред помалку од еден месец, вредни 380 милијарди долари, договорена е соработка во разни области на одбраната, авио-транспортот и нафтата, што ќе отвори илјадници нови работни места во американската воена индустрија во САД. 

Трамп исто така по состанокот вперил прст кон Катар, како најголем финансиер на тероризмот, па дури и директно ја поддржал изолацијата на Твитер, иако најголемата воена база на САД се наоѓа токму во таа земја, каде се стационирани речиси 15.000 американски војници и воен персонал. Што се случува внатре во базата не знае никој, бидејќи од почетокот на кризата таа е затворена. 

По нападот на парламентот во Техеран, Трамп, исто така на Твитер, изнел порака дека жали за жртвите, но дека земјите кои финансираат тероризам ризикуваат да бидат мета на злото кое сами го промовираат, со што Иран директно го означил како закана. 


Европа губи, Русија добива 

Германскиот министер за надворешни работи, Зигмар Габриел, повикал на решавање на кризата во Катар по дипломатски пат, и повикал на разговори со американските колеги во регионот. Како што рекол, блокадата на Катар влијае на германската економија. Од друга страна, и Франција има таму интерес. Не се знае дали и Велика Британија ќе застане покрај САД. Се укажува на тоа дека ќе застане, со оглед на изјавата на премиерката Тереза Меј по серијата терористички напади на своја територија, дека "Британија ќе се пресмета со тероризмот во својата земја", но прашање е дали ќе тргне во пресметка надвор од своите граници. 

Русија, иако наклонета кон Иран, со изолацијата на Катар само добива. Како нејзин најголем конкурент во извозот на гас, на Русија сега и се отвораат нови пазари, и што се однесува до Русија изолацијата може да потрае и подолго, додека не дојде до отворена војна. 


Сепак, тешко дека некоја земја ќе се осуди да влезе во директна војна со Иран, со оглед на нуклеарниот арсенал на земјата, и една од најсилните војски во регионот. Наместо тоа, може да се очекуваат уште терористички напади како тој пред два дена во Техеран. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг