Димитриев по распитот во СЈО: Додека не ги видам доказите, нема коментар

Макфакс

09/06/2017

13:01

3.105

Големина на фонт

а а а

Поранешнот премиер од техничката влада, Емил Димитриев, беше на распит во СЈО како осомничен за случајот „Талир“. Тој по распитот рече дека ги побарал доказите на увид, а додека не ги добие нема да дава коментари во јавност.

СЈО доставило покани и ги повикало сите 14 обвинети во овој случај на распит. Случајот „Талир“ се однесува на истрага за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ, а првоосомничен е лидерот и поранешен премиер Никола Груевски.

По Димитриев, во СЈО дојде и пратеничката од редовите на СДСМ, Фросина Ременски, заедно со својот сопруг.


Пратеничките Даниела Рангелова и Фросина Ременски на распит во СЈО

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова моментално дава исказ во Специјалното јавно обвинителство. Освен таа, на распит е и пратеничката на СДСМ, Фросина Ременски.

Даниела Рангелова е една од осомничените за време на истрагата на Специјалното јавно обвинителство поврзана со случајот за насилство врз градоначалникот и Советот на општина Центар, летото 2013 година.

Пратеничката Даниела Рангелова, непосредно пред да влезе на распит во СЈО, изјави дека не знае зошто е повикана, а истовремено, не се чувствува виновно.

„Не знам како партијата се стекнала со имот од 60 милиони евра, ќе треба да го прашате тој што го стекнал“, вели Рангелова.

Рангелова: Осомничена сум за организиран криминал

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Даниела Рангелова, по распитот во Специјалното јавно обвинителство рече дека е осомничена за организиран криминал во 2010 година. Таа додаде дека, во моментот кога се случувало насилството пред општина Центар, поврзано со донесувањето на Деталниот урбанистички план, за изградба на црквата Св. Константин и Елена, не била на ниту една раководна функција во општинскиот комитет на партијата во Центар.

Според СЈО, Рангелова пополнувала уплатници со уште неколку лица од партијата, но како што рече пратеничката, ќе се изјасни за случајот откако ќе ги види доказите.



Спонзорирани линкови

Маркетинг