Саудиска Арабија и сојузниците објавија список на терористи кои ги поддржува Катар

Нетпрес

09/06/2017

10:49

550

Големина на фонт

а а а

Саудиска Арабија и сојузниците кои ги прекинаа допломатските односи со Катар, објавија во петокот листа со имиња на поединци и организации поврзани со терористичките активности кои ги поддржуваат Катар кој веднаш овој список го нарече невтемелен.

Физичките и правните лица на овој список се „поврзани со Катар и со неговата сомнителна политичка програма“, се истакнува во заедничкото соопштение на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Египет.

Тоа покажува дека Катар „од една страна тврди дека се бори со тероризмот, а од друга страна ги поддржува, финансира и им дава засолниште на терористичките организации“, додаваат истите извори. 

„Четирите земји се усогласија и го составија списокот со имињата на 59 поединци и 12 правни субјекти“, се додава во заедничкото соопштение во коешто се истакнува дека „нема да штедат напори“ за нивниот прогон. 

Покрај Катарци, на списокот се и организации од Египет, Бахреин и Либија. 

Кризата избувна во понеделникот кога Саудиска Арабија, ОАЕ, Бахреин и Египет, ги прекинаа дипломатските односи со Катар, обвинувајќи го дека одржува врски со „терористички организации и секташки групации кои сакаат да го дестабилизираат регионот“, меѓу кои се споменуваат Муслиманското братство, Исламската држава и Ал Каеда. 

Овие сунитски земји, коишто на Катар му забележуваат и за наводно приближување на шиитски Иран, на неодредено време ги запреа летовите кои и од Дохам и ги затворија копнените и поморските граници со овој мал емират но кој е извонредно богат со гас и нафта. 

Катарското министерство за надворшени работи реагираше дека споменатото соопштение содржи „неосновани обвинувања“ додавајќи дека борбата на Катар против тероризмот е посилна од онаа којашто наводно ја спроведуваат „многу потписници на тоа заедничко соопштение“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг