Изборните резултати предизвикаа пад на фунтата

Макфакс

09/06/2017

10:12

536

Големина на фонт

а а а

Најавата дека Тереза Меј не планира да ја напушти премиерската функција предизвика пад на британската фунта. Британската валута потона на најниско ниво во последните пет месеци.

Фунтата загуби дополнителни половина центи и падна на 1,265 долари, што е најниско ниво уште од октомври минатата година.

„Отстапувањето на Тереза Меј ќе донесе дополнителна несигурност, но обидот да остане на лидерската функција, на берзите им носи повеќе непредвидливост и несигурност“, сметаат економските аналитичари. 

Фунтата почна да паѓа веднаш откако стана јасно дека Конзервативната партија ќе го загуби мнозинството во парламентот. 

Британската валута бележи пад и во однос на еврото, односно се наоѓа на најниската вредност уште од февруари и вреди 1,132 евра. Тоа значи дека за едно евро се добива 88,3 пени.



Спонзорирани линкови

Маркетинг