Опасно врие на Блискиот исток: Турција праќа војска во Катар како поддршка

Точка

08/06/2017

09:50

6.344

Големина на фонт

а а а

Турскиот парламент го одобрил мандатот кој им овозможува на турските трупи да бидат распоредени во турската воена база во Катар. Се очекува парламентот да го забрза овој нацрт закон, соопштиле службеници од владејачката Партија за правда и развој.

Тој потег се смета како поддршка на земјата од Голфскиот залив која се соочува со дипломатска и трговска изолација од некои од најголемите блискоисточни сили. Саудиска Арабија, Египет, ОАЕ и Бахреин ги прекинале односите со Доха и го затвориле својот воздушен простор за комерцијални летови во понеделникот, поради наводно финансирање на терористички групи од страна на Катар. 

Ова е најголема поделба меѓу моќните арапски држави во последните неколку децении.

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган, го критикувал потегот на арапските држави, велејќи дека изолацијата на Катар и изрекување на санкции нема да ги реши сите проблеми, и додал дека Анкара ќе направи се што е во нејзина моќ да помогне да се заврши кризата.

Турција ги задржала добрите односи со Катар, како и неколку негови заливски соседи. Турција и Катар пружаат поддршка на Муслиманското братство во Египет и ја поддржуваат опозицијата во Сирија.

Пратениците од владејачката партија предложиле расправа за два закони: овозможување на турските трупи да бидат распоредени во Катар и одобрување на договор помеѓу двете земји за воена соработка и обука. Другиот ќе и овозможи на турската жандармерија да ја тренира катарската жандармерија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг