Бизарен потег кој ја открива магнитудата на Заливската криза: 15 години затвор за тие кои ќе го пофалат Катар

Точка

07/06/2017

13:11

2.738

Големина на фонт

а а а

Обединетите Арапски Емирати воведоа забрана за „изразување на солидарност“ со Катар - секоја позитивна изјава за оваа земја ќе биде казнета со затворска казна до 15 години.

Властите во Обединетите Арапски Емирати, една од земјите кои што ги прекинаа сите дипломатски контакти со Катар, денес воведоа прилично бизарна забрана - имено, како што пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“, оваа земја забранила „изразување на солидарност“ со Катар.

Тоа значи дека било кој што ќе се осуди да коментира нешто позитивно за Катар, поранешната земја сојузник на Обединетите Арапски Емирати, ќе добие затворска казна од 15 години.


Овој потег, иако е доста бизарен, јасно ја нагласува магнитудата од актуелната криза во Заливот, која се чини дека е многу поголема од онаа која што изби околу истите актери во 2014-та година.

„Стриктните и одлучни потези ќе бидат превземени против секое лице кое ќе изразува било каква симпатија или било каква друга пристрасност кон Катар“, стои во соопштението на властите на Обединетите Арапски Емирати и се додава:

„Истите мерки ќе бидат превземени и против сите оние кои што на било каков начин ќе се противат на ставовите на Обединетите Арапски Емирати, без оглед на тоа дали станува збор за пишана порака, порака на социјалните мрежи, во визуелна или вербална форма“, се додава во соопштението.




Спонзорирани линкови

Маркетинг