Одбиено барањето на СЈО за замрзнување на имотот во случајот „Триста“

Макфакс

05/06/2017

11:19

559

Големина на фонт

а а а

Судијата на претходна постапка, Елена Јосифовиќ, од Кривичниот суд го одби барањето на Специјалното јавно обвинителство за замрзнување на имотот во случајот „Триста“.

Ова денеска ни го потврдија од СЈО, од каде ни беше речено дека ќе го обжалат решението до Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1.

Станува збор за набавката на 300 возила за МВР, за која СЈО поднесе до судот предлог за привремена мерка забрана за отуѓување и оптоварување на недвижен и движен имот во сопственост на осомничениот помошник на министерот за внатрешни работи. 

Случајот „Триста“ беше презентиран од СЈО на прес-конференција на 23 март. Специјалната обвинителка Фатиме Фетаи тогаш кажа дека се работи за кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување, а постои основано сомнение дека е извршено од страна на помошник министер во Министерството за внатрешни работи, во врска со јавна набавка што се однесува за 300 возила. 

„Од доказите произлегува основано сомнение дека осомничениот во временскиот период од 23.06.2008 год. до 03.05.2012 год., во Скопје, како службено лице-помошник министер во МВР, овластен со решение од министерот за внатрешни работи да ги спроведува постапките за јавни набавки во министерството, со искористување на својата службена положба и овластувања, при вршење јавни набавки, го оштетил буџетот на РМ за износ 27.894.555 денари или 453.570 евра“, кажа тогаш Фетаи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг