Новиот вицепремиер за економски прашања, Кочо Анѓушев, во 2013 беше на листата на „Форбс“ на петте најбогати Македонци, спореден со украинскиот „тешкаш“ Сергеј Бубка, но во трговијата со струја.
Кочо Анѓушев е сопственик на Фероинвест Групацијата. Тој е еден од основачите на „Брако“, основач на „Брако Веигхпак“ и сопственик на „Фероинвест“ каде припаѓаат и ЕДС и ЕМС.
Анѓушев е од Велес, каде завршил средно школо, а од 1988 до 1992 година студирал на Машинскиот факултет во Скопје. На истиот факултет посетувал постдипломски студии, станал магистер, а потоа и доктор на технички науки.
Од 1993 до 1998 година работел како асистент, а потоа и професор на Машинскиот факултет, додека од 1996 година бил гостин, научен истражувач на машинскиот факултет во Ахен – Германија. Како резултат на научно - истражувачките работи, Анѓушев има над 100 научни трудови и реализирал повеќе од 50 проекти во индустријата, од областа на машинството и индустријата. Работното искуство како професор го проширил во Лавборо, Англија, каде бил во 1999 година како визитинг професор на тамошниот машински факултет.
Од 2000 до 2002 година стапил на функцијата помошен генерален директор за производство и управување во тогашното ЕСМ. А, во 2003 година го основа Фероинвест е дел од конзорциумот кој доби концесија за изградба на 21 мали хидро електрани во Македонија. Истата година „Фероинвест“ стана сопственик на 50 отсто од капиталот на компанијата „Брако“ која во Велес има три производствени погони, како и по еден во Панчево - Србија и во Видин – Бугарија. Како резултат на грант од Холандија од 1,5 милиони евра, во 2007 година Анѓушев ја основа фирмата „Брако Веигхпак“, која е заедничко вложување меѓу „Брако“ и холандскиот партнер кој се занимава со производсво на метални делови.
Во 2014 година, на листата на „Форбс“ на петте најбогати Македонци за 2013 година се најде и Кочо Анѓушев. Но, не во групата на најбогати, туку како бизнисмен кој во Македонија ги разбил табуата во деловното опкружување и ја вовел ерата на експанзијата на македонскиот капитал, според што е посочен како „остров сам за себе“. „Форбс“ тогаш пишуваше за него како за бизнисмен и факултетски професор, кој се споредува со спортистот Сергеј Бубка, ама во бизнисот на трговијата со струја.












