Пер Мертесакер после цели 13 месеци го имаше својот прв старт за Аррсенал, а ситуацијата го примора Арсен Венгер тоа да биде во едно големо финале на ФА купот во кое сепак искусниот германски стопер одговори позитивно на предизвикот.
Мертесакер во друштво на младиот Роб Холдинг одлично се справи со речиси сите закани на противничкиот тим, но сепак самиот Германец призна дека тој и неговиот колега на стоперската позиција имале посебен план кога е во прашање Диего Коста.
– Имавме посебен план и напорно работевме на Диего Коста. Холдинг му ги правеше тешки работите. Јас му го чував грбот, а тој постојано му зборуваше и се обидуваше да го вознемири. Тоа беше навистина одлично надополнување. Беше навистина возбудливо да видите од прво лице како работите брзо се менуваат. Сепак, најважно е тоа што останавме во чекор со Коста и при долгите топки. Останавме блиску до него, бевме подготвени за тоа, – објаснува Мертесакер.