Новата Управна зграда на ЈП Водовод и канализација - Скопје со 15 шалтери и врвна услуга

Точка

23/05/2017

11:31

8.238

Големина на фонт

а а а

Во новата Управна зграда вработените можат на најпрофесионален начин да ги пречекаат и услужат корисниците. Грижата и услугата за граѓаните е прв приоритет во работењето.

Во таа насока во новата Управна зграда на приземјето има дури 15 шалтери, за разлика од 5-те во минатото, за да нема повеќе талкања, турканици и гужви, а граѓаните брзо и на достоинствен начин можат сега да си ги подмируваат своите сметки или да ја добијат информацијата која им треба.



Со модернизирањето на објектот на водовот, корсниците можат на побрз и поквалитетен начин да ги завршат своите обврски и во пријатен амбиент. Внатрешните фонтани кои капат од таванот надолу го галат сетилото за естетика. На вработените исто така тука им се пружени сите услови за беспрекорно функционирање, како просторно, така и технички.


Новата Управна зграда на ЈП Водовод и канализација - Скопје е целосно енергетски ефикасна, во насока на поголемо штедење и зачувување на топлинската енергија, објектот се простира на корисна површина од преку 10.000 квадратни метри и има подземна гаража со капацитет за 138 возила.


Истата е на 5 спрата и 3 подземни нивоа. На приземјето се сместени наплатната служба и архивата, на првиот спрат е сместена службата за сметководство, финансии, јавни набавки и комерција, на вториот спрат Правната служба и IT секторот, на третиот спрат техничкиот сектор, оделението за ревизија, оделението за професионална одговорност и оделението за контрола на корисниците.


На четвртиот кат е сместен раководниот тим на претпријатието, додека на петиот кат се наоѓа ресторанот за вработените и терасите со прекрасен панорамски поглед на Скопје.