Половина од кандидатите за пратеници на Макрон од граѓанското општество

Макфакс

11/05/2017

19:54

1.226

Големина на фонт

а а а

Новоизбраниот француски претседател Емануел Макрон го исполни ветувањето дека половината од кандидатите на неговото движење на парламентарните избори наскоро ќе бидат од граѓанскиот сектор.

Ова движење досега не учествуваше воопшто на избори се додека не го донесе Макрон до претседателската палата на седми мај.

Дури 52 отсто од кандидатите доаѓаат од граѓанските организации што значи дека никогаш не била на функција и немале пратенички мандат. Партијата на Макрон е решена да освои мнозинство во Парламентот. 

Наедно, од движењето најавија дека нема да го предложат како кандидат бившиот социјалистички премиер Мануел Валс, но нема да предложат ни противкандидат за да „не му ја затворат вратата пред нос“. 

Валс ,кој застана зад Макрон, веќе има зад себе три мандата и затоа не ги исполнува критериумите на движењето за кандидирање. 

Валс е сепак првиот високопозициониран политичар што пребегна во неговото движење по изборите во неделата. Тој припаѓа на десното крило на француските социјалисти кои се во криза поради идеолошки борби внатре и поради падот на популарноста. 

Но, Макрон ќе биде внимателен и нема да прима голем број истакнати членови на Социјалистичката партија во своето движење бидејќи така ќе се потврдат обвинувањата на конзервативците дека неговото претседателствување е само продолжување на непопуларното владеење на претседателот Франсоа Оланд. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг