Билки кои го прочистуваат воздухот и носат среќа, пари и успех

Точка

09/05/2017

16:54

11.190

Големина на фонт

а а а

Во древната кинеска вештина на уредување, билките играат важна улога.

Во продолжение, Ви претставуваме десет зелени среќоносци кои се моќни прочистувачи на токсините од воздухот и воедно ги намалуваат штетните зрачења.

1. Бамбус палмата енергетски го урамнотежува просторот и ги уништува штетните хемиски споеви: формалдехид, ксилен, толуен и слично.


2. Се верува дека Пачира или дрвото на парите носи среќа на личноста што го одгледува. Се препорачува збир од овие дрвца заедно, а среќните броеви се три или пет.


3. Фикусот е билка со заоблени листови која во Фенг Шуито се смета за водич на добрата енергија.


4. Растението спатифилум или попознато како женска среќа го прочистува воздухот од хемиските материи и го намалува зрачењето на електронските уреди во просторијата.


5. Красула или дрво на парите е особено ценета билка која традиционално се подарува за успех во работата. За да “привлекува” напредок и успех, треба да биде сместена блиску до влезната врата.


6. Орхидеите се древни љубовни симболи кои привлекуваат љубов, пријателство и ја смируваат душата. Тие се одличен подарок за новопечените родители.


7. Бршленот е растение кое буквално чисти од отрови бидејќи ја намалува количината на бензен, толуен, ксилен и формалдехид во воздухот.


8. Бостонскиот папрат е одличен заштитник од штетните хемикалии. Оваа висечка билка е одлична за пополнување на аглите во домот.


9. Клорофитот или зелен лилијан е висечка билка која го прочистува воздухот. Ова нејзино својство е особено корисно ако растението е сместено во близина на печка на дрва или камин.


10. Филодендронот успева на природна и на вештачка светлина. Неговите срцевидни листови внесуваат позитивни емоции во целиот дом.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk