Џафери без активности во Собранието – роковите течат, а од кај Иванов молк

Макфакс

09/05/2017

13:33

1.794

Големина на фонт

а а а

Седница на Собрание ќе има доколку Ѓорге Иванов му го додели мандатот на Зоран Заев, а потоа Заев испрати писмо до Собранието дека составил влада и бара седница на која ќе се расправа за составот на владата.

„Во моментов, нема услови за свикување на ваква седница, бидејќи процедурите се во тек. Се надеваме дека повторно ќе се вратиме на нормално работење. Оваа процедура е ако се почитува Уставот, во спротивно работите ќе се сведуваат на политичка одлука“, информираат собраниските служби за Макфакс.


„За денеска не се предвидени никакви активности. Претседателот си замина од Собранието поради активности кои не се поврзани со Законодавниот дом. Бидејќи одлуката е објавена во службен весник, ќе се чекаат роковите согласно законските процедури“, велат за Макфакс од кабинетот на Талат Џафери. 


По четврточните крвави инциденти, вратите на Собранието се отворени, собраниските служби работат, а вратите на прес центарот каде се случија насилствата иако беа отворени за медиумските куќи да ја подигнат својата опрема која ја оставиле таму, сега повторно се затворени и покрај тоа што неофицијално увидот е завршен. Од кабинетот на Иванов, пак, молк во однос на тоа кои се следните чекори кои ќе ги преземе шефот на државата околу доделувањето на мандатот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг