Ако може да им се верува на фотографиите кои што деновиве се појавија на интернет, Манчестер Јунајтед идната сезона ќе има навистина убави дресови.
Деновиве протекоа фотографии на социјалните мрежи на гостинските дресови на Манчестер Јунајтед за идната сезона 2017/2018 кои што според многумина се прилично необични, но истовремено и убави. Необично е тоа што на црниот дрес воопшто нема црвена боја, но сепак најголемиот дел од навивачите на Јунајтед се презадоволни од дизајнот.








