Водата во Кочанска Река е загадена

Макфакс

26/04/2017

13:00

816

Големина на фонт

а а а

Водата на Кочанска Река е загадена од непозната материја во делот на Горни Подлог. Водата се користи за наводнување на оризовите насади, па земјоделците и вработените од ЈП Водовод реагираат.

„При престојот на лице место можеше да се забележи енормно загадување на водите на Кочанска Река, во кои се влива испустот од индустриската вода од неколку индустриски капацитети од Кочани. За случајот го известивме и надлежниот овластен инспектор за животна средина во општина Кочани, како и државниот инспектор за животна средина од Скопје“, изјави Николчо Гоцев, директор на Водостопанство од Кочани.

Гоцев додаде дека вакви загадувања немало претходно и дека очекува надлежните да ги преземат соодветните мерки за утврдување на виновникот за загадувањето на реката.