Калиумот е минерал кој е важен за нервниот систем, правилното функционирање на срцето и силата на мускулите. Недостатокот од калиум се нарекува хипокалемија, а симптомите се често прикриени.
Намирниците како што се бананата, авокадото и лубеницата содржат високи количини на калиум. Како минерал, тој има важна улога во телото, а помага во регулирање на течностите во организмот, контракцијата на мускулите и рамнотежата на минералите.
Постојат бројни причини зошто, но и симптоми кои лесно можат да се заменат со други телесни проблеми. Нутриционистката Лорен Блејк истакнува дека грицките како што се чипсовите и крекерите содржат висока количина на натриум, кои ја намалуваат концентрацијата на калиум.
Еве кои се најчестите 6 знаци на кои треба да внимавате:
Калиумот игра клучна улога во контракција и одржување на мускулите. Затоа, кога нивото на калиум во организмот е ниско, се јавуваат болки и грчеви во мускулите во текот на денот, а посебно кога вежбате.
Доколку постојано се чувствувате уморни, препорачливо е да посетите лекар и да ја проверите концентрацијата на калиум во крвта. Лорен Блејк објаснува дека на секоја крвна клетка во телото ѝ е потребна подеднаква количина на калиум, а доколку исцрпеноста е присутна и по неколку часа сон, тоа укажува на недостаток од овој минерал.
Висок притисок и забрзана работа на срцето
Без доволно калиум во организмот, ѕидовите на крвните садови се стеснуваат што резултира со хипертензија, односно висок крвен притисок.
Нивото на калиум може да расте и да опаѓа во текот на денот, а наглото опаѓање може да ја забави работата на срцето, што доведува до вртоглавица и чувство дека ќе се онесвестите.
Недостатокот од калиум ја оневозможува регулацијата на натриум, што може да доведе до надуеност, која е предизвикана од солта во телото. Без калиумот, бавно функционираат и останатите телесни функции, па така и дигестивниот систем, кај кој можат да се јават различни проблеми како тврда и нередовна столица.
Бидејќи калиумот е важен за регулирање на течностите во организмот, намалувањето на концетрацијата на истиот доведува до екстремно чувство на жед и сува кожа. Променете ја исхраната, односно внесете храна која е богата со калиум во Вашето мени.