Подочници – 8 лесни начини како да ги елиминирате

Точка

12/04/2017

10:56

6.808

Големина на фонт

а а а

Дали имате проблеми со темните кругови под очите, отечени капаци и “вреќички”? Време е да се збогувате со нив!

Бидејќи подрачјето на очите е многу тенко, голема е веројатноста за појава на темните кругови, посебно доколку не сте доволно наспани неколку ноќи по ред. Но, со овие брзи трикови можете да го решите проблемот.

Хидратизирајте го подрачјето околу очите

Кожата околу очите е посебно тенка – многу потенка од остатокот на целото лице, па затоа треба да посветите посебна нега. Во пределот околу очите не постојат лојни жлезди, а поради тоа често кожата е сува и тмурна. Секоја вечер, нанесувајте гел или крема за очи, која е наменета за Вашиот тип на кожа, за да го спречите настанувањето на брчките и подочниците.


Чистете го лицето со големо внимание

Никогаш не користете вообичаено средство за миење на лицето околу очите. Средствата кои се наменети за чистење на лицето можат да ја исушат кожата и да предизвикаат пецкање и црвенило. Затоа користете посебни влажни марамчиња како и производи за отстранување на шминката кои се наменети за тој предел, со кои нежно ќе поминете врз капаците.

Пробајте јога за лице

За да ја спречите појавата на тенките линии и темната кожа околу очите, пробајте вежби за лицето. Една од тие вежби се изведува на тој начин што ги ставате двата средни прста помеѓу веѓите, а истовремено лесно притискате на надворешните агли на очите со показалците. Погледнете нагоре, со тоа што добро ќе ги истегнете долните очни капаци. Ваквата вежба повторете ја 6 пати, а потоа затворете ги очите, држете ги стиснати 10 секунди а потоа отворете.

Домашни препарати против подочници

Освен круговите од краставица, кои се одлични за темните кругови, можете да држите и облоги од зелен чај на Вашите очи, поради изобилството од антиоксиданси. Ставете неколку ќесички чај во замрзнувач, а потоа ставете ги на уморните капаци и држете неколку минути. Исто така, можете да ја намалите подуеноста на очите со тоа што ќе замотате коцка мраз во крпа и ќе ја држите на очите.


Користете гелови за подрачјето околу очите

Геловите со алое вера, витамин Е и Ц се одлични за подочниците бидејќи ја смируваат кожата, ја одржуваат хидрирана и го поттикнуваат производството на колаген.

Советувајте се со кожен специјалист

Доколку подочниците Ви се константен проблем, најдобро е да посетите специјалист кој може да Ве советува да направите неколку третмани, како што се хемискиот пилинг или третмани со ласер.

Прекријте кога морате

Кога ништо не помага, она што дефинитивно ќе Ве спаси е шминката. Користете коректор, под кој претходно ќе нанесете хидратантна крема за да не дојде до собирање на шминката во аголот од окото. Потоа, фиксирајте со малку минерална пудра во прав за да одбегнете размачкување.


Водете здрав начин на живот

Преголемата количина на алкохол, цигарите, недостатокот на сон, уморот и неправилната исхрана се најголемите виновници за темните кругови под очите. Затоа не заборавајте да внесувате доволно вода во текот на денот, да консумирате здрави намирници и да имате квалитетен сон.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk