Захарова: Целиот свет е вклучен во хемиската демилитаризација на Сирија

Макфакс

08/04/2017

13:04

1.172

Големина на фонт

а а а

Руската потпаролка на министерството за надворешни работи Марија Захарова го потсети американскиот претседател Доналд Трамп дека со уништување на хемиското оружје во Сирија во моментов се занимава целата светска заедница, пренесуваат светските агенции.

„Русија кон ова има еднаков однос како и САД“, рече Захарова за руската телевизија Русија 1.

Таа се повика на говорот на амбасадорката на САД, Ники Хејли која на седницата на Советот за безбедност изјавил дека Русија не ги исполнила обврските кон уништувањето на оружјето во Сирија. 

„Зошто се споменува само контролата која ја врши Русија ? Целиот свет е вклучен во уништувањето на хемиското оружје во Сирија. Тоа се извршува врз основа на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН“, рече Захарева. 

Според неа, напорите на меѓународната заедница не само што се насочени кон отстранувањето на хемиското оружје, туку се насочени и кон на создавање правен механизам кој предвидува одговорност во вршење на таа работа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг