Реакции по ракетниот напад на САД во Сирија

Макфакс

07/04/2017

13:35

715

Големина на фонт

а а а

Нападите на САД во Сирија покажуваат неопходност од решавање на прашањето со хемиско оружје, на твитер објави претседателот на Европскиот совет Доналд Туск.

Според него, ЕУ и САД ќе работат заедно за да прекинат непријателствата во Сирија. Туск е првиот претставник ка институциите на ЕУ, кој зазеде став за ракетните напади на САД врз воено воздухопловната база на сириската армија.

Претходно, рускиот шеф на дипломатијата Сергеј Лавров изјави дека американската интервенција во Сирија потсетува на воената инвазија врз Ирак во 2003-та година. Лавров додаде дека Русија нема да донесува заклучоци за односите со САД по ракетниот напад.

Нападот на САД има за цел да го спречи сирискиот претседател Башар ал Асад да извршува други напади со хемиско оружје, и не е почеток на нова воена кампања, изјави британскиот министер за одбрана Мајкл Фалон.



Спонзорирани линкови

Маркетинг