Псилиум – сојузник на дигестивниот систем кој “впива како сунѓер”

Точка

05/04/2017

15:54

10.201

Големина на фонт

а а а

Псилиум се лушпи добиени од семето на билката Plantago, т.е. индиски тегавец. Во комбинација со вода, псилиумот помага во дигестијата поради своите својства на “подмачкување” и овозможува исфрлање на штетните материи од цревата.

Начинот на живот кој е обележан со долготрајно седење, брзиот начин на исхрана која е сиромашна со влакна, често предизвикува потешкотии во варењето поради кои сè повеќе луѓе имаат проблеми со тврдата столица.

Најдобрите лекови доаѓаат од природата, а овој пат го имаме најдобриот сојузник на цревата – псилиумот.


Овие лушпи во цревата се однесуваат како метла, чистејќи ги сите токсични материи од дебелото црево. Псилиумот ја врзува водата од цревата и има способност да го зголемува својот волумен и до 15 пати.

Ова растение содржи липиди, незаситени масни киселини, влакна и слуз поради кој се создава ефект на “подмачкување” во ѕидовите на цревата.

Диеталните влакна во билката помагаат во формирање на поголем волумен, а исто така тие се и отпорни на дигестивните ензими, така што релативно брзо поминуваат низ желудникот до дебелото црево. Таму ја задржуваат водата и ја стимулираат перисталтиката на цревата.

Како се користи псилиумот?


Измештајте една до три чајни лажички псилиум во вода, јогурт или сок. Консумирајте веднаш поради фактот што псилиумот брзо се претвора во желатинска маса. Се препорачува и додатен внес на чаша вода по консумирањето и зголемен внес на течности во текот на денот.

Овој природен лек нема никакво штетно влијание врз здравјето, не ја уништува цревната флора и не ја пореметува работата на цревата. Може да се консумира и подолг период без несакани дејства.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk