Спој на мода и технологија: Guess со нов паметен часовник

Точка

27/03/2017

10:44

1.655

Големина на фонт

а а а

Guess изјави дека ја препознава важноста на ваквите паметни технолошки уреди и дека новиот Connect е совршен за сите “млади, секси и авантуристички корисници”.

Пред две години, Guess беше една од првите компании во светот на модата која го прифати трендот на паметните часовници. Иако нивниот паметен часовник Connect не беше добро прифатен од критичарите, оваа компанија го најави наследникот кој ќе функционира со помош на новата верзија на оперативниот систем на Google – Android Wear 2.0 и Qualcomm Snapdragon Wear 2100 процесор.


Guess изјави дека ја препознава важноста на ваквите паметни технолошки уреди и дека новиот Connect е совршен за сите “млади, секси и авантуристички корисници”, но и за оние кои се обожаватели на добро дизајнираните геџети.

Оваа компанија обрнува големо внимание на персонализацијата, па затоа новата верзија на Connect ќе нуди избор помеѓу големиот број на ременчиња (за љубителите на модата, спортот итн.) и бои, а овој часовник ќе биде достапен во поголема верзија (44mm) која ќе биде наменета за мажи и помала верзија (41mm) која ќе биде наменета за понежниот пол.


Исто така, за оние кои сакаат да бидат а(тра)ктивни, овој часовник доаѓа со посебна апликација за фитнес, која ќе овозможува поврзување на уредот со мобилен телефон.

Се претпоставува дека почетната цена на овој часовник ќе изнесува 300 долари, но едно е сигурно – тој ќе биде поскап од класичните паметни часовници на технолошките компании.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk