“Вселената е холограм, само си замислуваме дека ја гледаме”

Точка

21/03/2017

11:15

2.685

Големина на фонт

а а а

Целата вселена може да е само еден огромен и комплексен холограм, а нашата перцепција на светот во три димензии е илузија на просторот во кој живееме.

Како што пишува Independent, група астрофизичари кои ја анализирале позадината на космичките микробранови и светлината која останала после големата експлозија (Биг Бенг), сметаат дека нашиот универзум е еден огромен и комплексен холограм.


За оваа теорија постојат голем број на докази, исто како за традиционалната идеја за структурата на универзумот, тврдат астрофизичарите од Универзитетот Саутемптон, кои соработувале со колегите од Канада и Италија.

Она што го гледаме во нашиот универзум може да се спореди со 3D ефектите во кино (иако во кино не се користи холограм). Додека гледаме филм, ние можеме да ја видиме длабочината на сликата, иако знаеме дека всушност станува збор за слика на рамно платно. Нашата вселена можеби е само поубедлива верзија од таквиот ефект.


Теоријата дека универзумот всушност е холограм првпат е предложена во 90-тите години на минатиот век. Теоријата сугерира дека сите информации и нашето сфаќање за тродимензионалниот простор е само перцепција на рамна слика.

“Замислете сè што гледате, слушате и чувствувате во три димензии, всушност да потекнува од дводимензионално поле. Идејата е слична како кај холограмите на кредитните картички, кои се претставени на дводимензионална површина, а се добива тродимензионална слика” – вели Костас Скендерис, професор по математика на Универзитетот Саутемптон.

Ова истражување би можело да ги спои двата средишни дела од нашето сфаќање на физиката – теоријата за релативност и квантната теорија. Истражувањето ги спојува генералната релативност, која ја објаснува вселената на највисокото поле со квантната теорија која ги објаснува најситните детали на вселената.


„Холографијата е голем скок нанапред во размислувањето за структурата и создавањето на вселената. Научниците со децении се обидуваат да ги спојат Ајншајновата теорија на гравитацијата со квантната теорија. Некои веруваат дека нашето истражување ќе направи чекор напред во тој правец“ – вели Скендерис.

Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk