ВМРО-ДПМНЕ: Заев прв ја отвори вратата за дебата за идентитетот и федерализација

Макфакс

17/03/2017

18:12

1.470

Големина на фонт

а а а

Прв кој што ја отвори вратата за дебатирање и оспорување на македонскиот идентитет, како и федерализација на Република Македонија е Зоран Заев, рече на прес конференција во петок Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ.

„Потврда дека целта на оваа Тиранска Платформа е федерализација на Република Македонија е тоа што пристигнуваат секојдневно од сите негатори на највисоките државни и национални интереси на Македонија. Последен кој отворено зборуваше за редефинирање на Република Македонија преку оваа платформа која што ја прифати Зоран Заев е Питер Ванхауте. Човек кој што без ниту тронка срам го навредуваше и потценуваше македонскиот народ, под маската на дипломат“, рече Пешевска.

Таа додаде дека партнерите на Зоран Заев секојдневно со скандалозни изјави го навредуваат и омаловажуваат македонскиот народ и држава.

„Еден од најблиските партнери на Зоран Заев, Зијадин Села отворено го негира македонскиот идентитет и вели дека пред 100 години не постоеле Македонци, како и дека не ја признава и почитува македонската химна. Зоран Заев и СДСМ ниту еднаш не ги осудија овие изјави, исто како што не ги осудија и изјавите на Трифун Костовски кој што им го одзеде правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да се изјаснуваат околу иднината на земјава“, истакна Пешевска.

Според неа, излез од оваа ситуација е отфрлање на Тиранската платформа од страна на Заев и СДСМ, а за возврат поддршка од ВМРО-ДПМНЕ за неговата влада.

„Доколку, пак, Зоран Заев сè уште смета дека елементите од Тиранската Платформа треба да се прифатат, тогаш за да не ги измами граѓаните како на последните избори, нека прифати парламентарни избори заедно со локални и нека ги вклучи елементите од Платформата во својата Програма“, порача Пешевска.


Спонзорирани линкови

Маркетинг