ВМРО-ДПМНЕ: Заев да собере храброст и да се огради од Тиранската Платформа

Макфакс

17/03/2017

10:10

952

Големина на фонт

а а а

ВМРО-ДПМНЕ повторно го повика лидерот на СДСМ Зоран Заев да ја отфрли Тиранската Платформа. Во соопштението објавено во петокот, партијата го повикува „Заев да собере храброст и да се огради од Тиранската Платформа“.

“Кримининогениот СДСМ отиде до таа крајност велејќи дека ќе дебатираат по прашања кои се од национален и државен интерес, консултирајќи партиски експерти од потписниците на Тиранската Платформа. Дебатата започна да се реализира на дело“, велат од партијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Питер Ванхауте ги открил намерите да отвори дебата за федерализација на Република Македонија.

„За оваа скандалозна изјава на Питер Ванхауте, криминогениот СДСМ молчи, како што молчи и за шокантните изјави на албанската пратеничка Месила Дота, која директно се закани на аболицираниот Зоран Заев дека ако тој отстапи од платформата, тогаш сите Албанци ќе се ангажираат околу остварување на сонот за Илирида“, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Молчат и кога Зијадин Села, го негираше македонскиот идентитет, велејќи дека пред 100 години Македонци не постоеле на овие простори. Молчат и за скандалозната изјава на Трифун Костовски во која јасно и гласно вели да им се одземе правото на Македонците по потекло од Егејска Македонија да го кажат сопственото мислење и да се борат во заштита на највисоките државни и национални интереси„ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ, која уште еднаш побара од Заев што поскоро да ја отфрли Тиранската Платформа и да се откаже од реализација на елементите содржани во неа“, порачуваат од партијата.


Спонзорирани линкови

Маркетинг