Данев: Заев и СДСМ час поскоро да ја сфатат заканата од Тиранската платформа

Макфакс

14/03/2017

15:22

832

Големина на фонт

а а а

Зоран Заев и СДСМ мора час поскоро да ја сфатат сериозната закана за Македонија која постои од Тиранската Платформа, порача во вторник на прес конференција Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев и СДСМ колку и да се уценети за своите криминали треба да застанат зад унитарна и мултиетничка Македонија, а не да најавуваат дебати и експертизи на партиски експерти за точките од Платформата“, рече Данев.

Според него, излез од политичката криза е Заев да се откаже од Платформата, а ВМРО-ДПМНЕ да му даде поддршка за формирање на влада или, пак, да се одржат нови избори.


Спонзорирани линкови

Маркетинг