Недостатокот на координација со актерите на меѓународната сцена не е единствениот проблем кој ja помрачува иницијативата на претседателот на Косово Хашим Тачи за трансформација на Силите за безбедност на Косово во армија, пишува во петокот Gazeta Express.
Постојат и низа процедурални проблеми, посочува медиумот. Во средата шефот на државата го претстави предлогот за создавање на армија. Но, тој ги игнорираше законските процедури, според кои треба да приложи дополнителни документи, а не само објаснувачко писмо.